јас PDF Печати Е-пошта
Недела, 18 Март 2012 15:01

Роден сум во Скопје, Југославија, но израснав во Скопје, Македонија, преживувајќи го преминот од едно чувство во друго чувство за припадност. Мојата пасија кон природата ме наведе да се запишам на Шумарскиот факултет при Университетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, каде завршив програма по Озеленување и унапредување на животната средина во 2004 година. Потоа работев 6 години на различни проекти поврзани со шумите и животната средина, во главно како консултант за вклучување на јавноста. Работев на проекти како Стратегија за одржлив развој на шумарството во Македонија, воспоставување на систем за изнајмување на велосипеди во Град Скопје, Македонија, прашања поврзани со приватното шумарство и многу други. Во 2010 година се решив да го продолжам моето образование и се запишав на магистарски студии на Еразмус Мундус меѓународниот мастер за рурален развој програмата, координирана од страна на Гент Универзитетот, Белгија, во партнерство со: Агрокампу Уест, Фрнција, Хумболд Универзитетот во Берлин, Германиј, Словачкиот Универзитет за земјоделство во Нитра, Словачка, и Универзитетот во Пиза, Италија и во соработка со Вагенинген Универзитетот, Холандија.

Последно освежено на Недела, 18 Март 2012 15:17