За истражувањето PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Недела, 11 Март 2012 08:38

Главна цел на моето истражување е да ја испитам применливоста на концептот на чувство за место и како неговото вклучување може да обезбеди нови перспективи во планирањето и управувањето со заштитени подрачја.

За да ја исполнам мојата истражувачка цел јас ќе се стремам да го(ги) идентификувам чувството(ата) за место на Националниот парк „Галичица“, Република Македонија. Концептот на релационо место ќе го земам како основа, каде место, како социјално творение, се смета дека е прстор отелотворен со значење. Така, значењето е поврзано со концептот за чувство за место, каде чувство за место се идентификува со приврзувањата и други индивидуални или групни чувства кои се создаваат од преживеаното искуство во местото. Имајќи ги на ум теориите на место и многуслојниот карактер на местото, каде перцепциите (активности), концепциите (идеите) и преживеаното искуство (чувствата) се спојуваат заедно, јас ќе се фокусирам на преживеаното искуство како извор на приврзаности за местото. Моето истражување ќе цели да го одговори прашањето: „Кое(и) чувство(а) за место(а) на Националниот парк „Галичица“ постои(јат), и како тоа(тие) е(се) поврзано(и) со заштитата на природата и развојот на паркот?“.

Мојата заддача на истражувањето ќе бидат да ја откријам перспективата за Паркот на: 1. локалното населениеi; 2. посетителитеii и 3. планеритеiii, со цел потенцијално да се вклучат овие перспективи во управувањето на Паркот како место. Истражувањето ќе се фокусира на централна тема на заштита на шумите и природата како резултат на составни вредности, значења и приврзаности кои луѓето ги имаат кон местото. Така, од истражувањето јас би требало да издвојам кое(и) чувство(а) за место придонесува(ат) за заштита на природата. Со цел да го остварам ова, Јас ќе барам одговори на следните прашања:

· Кои значења и приврзаности кон Национален парк „Галичица“ на актерите се присутни? 
· Кои активности и интеракции се присутни на територијата, или се однесуваат на Паркот?
· Која(и) е(се) историјата(ите) на Паркот, и кои се промените и/или настаните кои вијаеле на перспективите?
· Како перцепциите, концепциите и преживеаните искуства делуваат меѓусебе во создавањето на чувството за место на Паркот?

 

Ова истражување претставува мојата магистерска теза во рамките на Еразмус-Мундус Меѓународниот курс за магистер на науки по рурален развој. Тезата ја изработувам на Катедрата за Рурална социологија при Универзитетот во Вагенинген, Холандија, под менторство на Јост Јонгерден.

 


i Локално население, за целите на истражувањето, јас ги дефинирам како лица кои постојано живеат на територијата на Паркот, или во близина, до 10 км оддалечени од Паркот.

ii Посетители, јас ги дефинирам како лица кои го посетуваат Паркот на краткорочен период, но исто така и лица кои поседуваат земјиште и/или куќа во Паркот, но имаат постојано живеалиште во друго населено место.

iii Планери, јас ги сметам сите оние кои се вработени во или некако се работно поврзани со Парковата администрација.

Последно освежено на Среда, 13 Ноември 2013 09:52
 
 

about